Испаднал од автомобилот, па го удрил друг автомобил: 33 годишниот Иван загина во страшна сообраќајка во Хрватска

Испаднал од автомобилот, па го удрил друг автомобил: 33 годишниот Иван загина во страшна сообраќајка во Хрватска

Life
Advertisement

Advertisement

Тешка сообраќајна несреќа во која околу 01 часот и 25 минути го загуби животот 33-годишниот Иван Кожул се случила на државниот пат ДЦ-424 во правец кон Земуник во Хрватска. Според резултатите од истрагата, до несреќата дошло кога 23-годишен возач управувал автомобил со задарски регистарски таблички, движејќи се по левата сообраќајна лента. Влегувајќи на кривина на десно изгубил контрола над возилото кое потоа слетало на земјена површина и почнало неколку пати да се превртува. При превртувањето, 33-годишниот Иван излетал од автомобилот на десната лента, каде во него удрил друг автомобил, исто така регистриран во Задар, управуван од 18-годишен возач. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Иван Кожул. Неговото тело е пренесено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта. 23-годишниот возач бил пренесен во Задарската општа болница заради укажување лекарска помош и утврдување на квалификација на повредите. Другиот возач, 18-годишен маж, не е повреден. Со прелиминарното тестирање на 23-годишниот возач било утврдено присуство на алкохол, а земени се и мостри за понатамошна анализа за да се утврди потенцијалното присуство на дрога. Кај 18-годишниот возач не е забележана реакција на алкохол, но земени се и мостри од него за анализа. Полицијата води кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај.

Advertisement