Историски успех: Гостиварецот Анди Исмаили стана светски шампион во модерен тан

Историски успех: Гостиварецот Анди Исмаили стана светски шампион во модерен тан

news
Advertisement

Историски успех: Гостиварецот Анди Исмаили стана светски шампион во модерен тан

Advertisement

Ова е веќе петти пат Анди Исмаили да освои титула светски шампион, покажувајќи неверојатен талент и упорност.

Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата „Импровизации во уметнички настап“ (Performing Arts Improvisation), освојувајќи ја титулата – светски шампион!

На Светското првенство што се одржа во Киелце Полска, младиот танчер од Гостивар, постигна, како што велат – историски успех

Покрај златниот медал, Анди  освои и сребрен медал во категоријата- Модерен балет соло за момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана светски вицешампион.

Анди е член на танцовото студио  „Брејк а лег“ (Break a Leg) од Скопје, а зад неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска

Advertisement