Каевски: Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови

news
Advertisement

Блокадата на европскиот пат прескапо ќе ги чини земјата и народот, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник од СДСМ.

Advertisement

Рече дека антиевропското делување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата.

„Обидот за блокада на членството во ЕУ е обид за загрозување на македонската иднина. Блокада на европскиот пат ќе значи 11 загубени години во изолација, загубени 10 милијарди евра од европските фондови и неизвесна иднина. Прескапа цена е тоа за нас како држава, но и како народ и тоа не смее да се случи“, рече пратеникот.

Додава дека се одвоивме од Хрватска и заостанавме 17 години во чекалната.

„Ако се одвоиме од Албанија, Црна Гора и Србија, никој не гарантира дали некогаш ќе биде можно да станеме земја членка на ЕУ“, вели тој.

Каевски додава дека имаме историска шанса, сериозна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.