Коментирајќи за одолговлекувањето на судските предмети, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во „Клик Плус“ на ТВ21 го спомена предметот за несреќата во Ласкарци аде што судијата девет пати пишува ургенции за вештото лице да ја заврши работата. Таа кажа дека судијката Диана Груевска Илиевска има моќни алатки во раце.
Скопје1.мк
МАКЕДОНИЈАКацарска се налути на колешката од Кривичен која го суди „Ласкарци“: Зарем судија треба да моли?Avatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 27/09/2023
Коментирајќи за одолговлекувањето на судските предмети, претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во „Клик Плус“ на ТВ21 го спомена предметот за несреќата во Ласкарци аде што судијата девет пати пишува ургенции за вештото лице да ја заврши работата. Таа кажа дека судијката Диана Груевска Илиевска има моќни алатки во раце.
Сигурно дека има такви ситуации дека некои предмети намерно се одоговлекуваат. Не можеме да се правдаме дека судството има недоволна екипираност. Кога се нафаќате да бидете судија, треба максимално да се вложувате. Не е лесно да бидете на работа секој ден, да бидете во судница 10 часа дневно. Но, никој со сила не не тера. Љубов кон таа професија мора да имате. Инаку е тешка професија. Не знам дали има политички влијание или паразарења, а јавноста зборува за тоа, но и самите судии придонесуват за такви ситуации. Јас повеќе пати сум кажала, како може еден предмет за несреќата во Ласкарци каде што има загинати, и тие семејства чекаат правда, таа постапка да трае со години наназад.
Слушам преку медиумите оправдување, за мене тоа не е, не би го направила тоа, судијата на тој предмет девет пати пишувал ургенција до вештото лице за да го заврши вештачењето. Чуму се тие девет ургенции. Вие имате моќна алатка во рацете, го имате ЗКП, за непостапување на вештите лица има казна. Јас имав предмет „Триста“ во кој казнив вешто лице за непостапување со 1000 евра, а правното лице го казнив со 2000 евра. Зарем судија треба да моли вешто лице за да ја си ја заврши работата. Не се согласувам со тоа, рече Кацарска.
Извор: https://skopje1.mk/archives/246934