Охридската полиција утринава во 07:21 чaсот добила пријава дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот. -По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција. Според локалниот портал Кичево.нет, во несреќата загинало 22 годишното момче Фарук Карага.
КИЧЕВО ЗАВИЕНО ВО ЦРНО: Ова е 22 годишното момче кое загина во сообраќајката кај Ботун (ФОТО)
Advertisement
Advertisement
Advertisement