Ковачевски: Договорот со Кинезите за патот Кичево – Охрид треба да се раскине, и по 10 години, немаат пуштено ниту еден метар автопат

news
Advertisement

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на патот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, рече денес премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – Ќафасан. Тој најави ревизија на целиот проект.

Advertisement

Недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради веќе над 10 години, сè уште не е направен. Притоа пак да се бара одложување. Јас веќе ги информирав некои од колегите од Владата дека ќе барам ревизија од страна на државната ревизија на овој проект врз основа на која ќе биде носена одлуката. Со оглед на тоа што овој проект 10 години не е завршен од низа причини кои се однесуваат од проектирање до изведба на самиот проект. Сметам дека би требало да се размислува и во насока на раскинување на овој договор и барање изведувач што ќе го направи на квалитетен начин, а не да гледаме 10 години пат што се прави, во кој се инвестираат пари, а досега нема ниту еден метар пуштено автопат на делницата Кичево – Охрид“, рече премиерот Ковачевски.

Последниот рок за завршување на патот Кичево – Охрид пред граѓаните го соопштија токму премиерот Ковачевски и министерот Благој Бочварски. Двајцата лани во мај рекоа дека патот ќе биде готов до крајот на 2023 година. Денес, премиерот рече дека изведувачите и тој рок не го исполниле, па поради тоа неопходна е ревизија, која ќе биде основа за носење нова одлука за изведувачот, а не ја исклучи можноста договорот да биде раскинат и да се избере нова фирма, која навистина ќе ја заврши изградбата на патот.

Изведувач на патот Кичево – Охрид е кинеската компанија „Синохидро“, а цената што ја плаќаат македонските граѓани за него се искачи на речиси 600 милиони евра.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.