Ковачевски – Референдумот ќе биде само враќање назад

news

Ние сме се изјасниле дека сакаме независна македонска држава која што ќе стане членка на Европската унија. Ако го погледнете и Уставот и нашето уредување и сите стратегии на Владите, тогаш е многу јасно дека го сакаме ова, истакна премиерот Димитар Ковачевски во врска со референдумот кој го предлага опозицијата.
Тој во денешното интервју за вестите на „Канал 5“ оцени дека тезите на опозицијата дека македонскиот јазик нема да биде признаен во Европската унија и оти на тој пат ќе се загуби нашиот идентитет, се неосновани.

Advertisement

„Првата теза на опозицијата беше дека македонскиот јазик немало да биде признаен во ЕУ, а потоа се виде дека тоа е чиста манипулација. Зборуваа дека ќе се изгуби идентитетот на македонскиот народ, но потпретседателот на Европската комисија на самата меѓувладина конференција, јасно кажа дека македонскиот идентитет ќе биде не само заштитен, туку тој ќе биде идентитет кој ќе го надогради и европскиот идентитет односно сѐ она што Европската унија како заедница на различни народи, различни држави го има кај себе. Тоа е целта на проширувањето на ЕУ: зголемување на економските потенцијали, на човечките, на културните, на образовните потенцијали итн. Нашиот народ заслужува да оди напред. Еден таков референдум ќе биде само враќање назад“, рече Ковачевски, пренесува владината прес-служба.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат во ЕУ под вакви услови. Според него, секое бегство од референдумот е бегство од народот, а со тоа се покажува колкаво предавство се прави на Македонија и македонскиот народ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.