Advertisement
Косовската полиција соопшти дека имало истрели од огнено оружје на северот на Косово, но за среќа нема повредени, пренесува monitor.mk.
Advertisement
Косовската полиција нагласи дека добила информации од граѓани дека има случаи каде граѓани албанци биле застанати и малтретирани.
Косовската полиција соопшти официјална информација дека на некои локации се слушале истрели, каде дел од истрелите биле насочени кон полициските единици, но за среќа нема повредени.
Од граѓаните се дадени информации и дека има случаи каде граѓани албанци биле застанати и малтретирани, при што им нанеле повреди и им нанеле материјална штета на возилата од осомничени лица за кои постои сомневање дека се дел од организациите што го блокираат ПАТОТ.
Advertisement