Крај на доминацијата на Вимблдон, Новак ја предаде круната: Алкараз е новиот шампион

news
Advertisement

Крај на доминацијата на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, Карлос Алкараз е нов шампион. Српскиот тенисер не успеа да дојде до својот 24. Грен слем трофеј, бидејќи денеска во Лондон загуби од најдобриот тенисер во светот по пет сета и повеќе од четири часа исцрпувачка битка – 3:2 (1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4).

Advertisement

Српскиот тенисер и четирикратен последователен шампион на Вимблдон, на тој начин не успеа да ја продолжи одличната резултатска серија на централниот терен на „Ол Ингланд клуб“, каде по десет години доминација и 39 победи во низа, го доживеа својот прв пораз по финалето со Енди Мареј во 2003 година. И во кој момент.

Шпанскиот тенисер одигра меч за паметење. За разлика од полуфиналето на Ролан Гарос, овојпат не се мачеше со грчеви, а со право го нарекуваат наследник на Рафаел Надал, покажа денеска во Лондон, каде го запре четирикратниот последователен шампион во походот по осмиот титулата и рекордот на Роџер Федерер, кој според сите сметки ќе остане недопрен најмалку уште една година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *