Пејачката Лепа Брена има навистина богата музичка кариера и ретко кој регионален или светски музичар го доживеал успехот на оваа балканска дива.
Сепак, како и повеќето чувствителни уметници, и Брена имала кризни моменти кога размислувала да се откаже од микрофонот и да живее поприватен живот.
Но, средбата со пророчицата Баба Ванга промени сè. Иако на почетокот се плашела од зборовите на бугарската јасновидка, Брена во разговорот со неа добила потврда дека е родена да биде ѕвезда…
Што го докажа и со еден „иконски“ момент, кога отиде на концерт одржан на стадионот „Васил Левски“ во Софија, каде дојде со хеликоптер и пееше пред 122.000 луѓе.
„Една година пред познатиот скок со хеликоптер во Софија, имав турнеја каде што слетав на стадионот. Ве земаат до вилата, ве носат до местото каде што го одржувате концерот.
Инаку, Бугарите ме замолија да одам кај познатата пророчица Ванѓа. Бев малку исплашена бидејќи немав потреба од таква средба. Се плашев од сето тоа бидејќи таа беше позната и вистинска јасновидка. Потоа, со одобрение на бугарската државна служба, отидов да ја видам.
Таа ми рече дека ќе пеам уште долго, дека ќе изградам зграда во која ќе има многу пејачи и дека ќе соработувам со нив. Дека ќе се омажам за човекот во бело. Си помислив во себе…
Што ако е доктор, пекар или фармацевт? (смеа). Тогаш бев жена која не размислуваше за брак, кариерата ми беше на прво место. Ванѓа ми откри дека ќе имам машки деца и дека никогаш нема да родам девојче – изјави Лепа Брена за Стори.
На новинарско прашање дали се кае што нема ќерка, таа одговори:
Не ми е жал… Кога имаш машки деца… би ми било жал да ги немам, затоа што се мои, затоа што ги сакам. Кога мајка си ги сака децата, тоа е смислата на животот и вечната љубов, а бидејќи ја немам видено ќерка ми… едноставно не знам каква е (се смее). Немам за што да жалам.
Па јас ќе имам снаи. Имам убава и фантастична снаа Александра Пријовиќ. Што може да биде поубаво што човек може да посака? Само нека остане како што е. Имам уште два сина, па го чекам нивниот избор и се надевам дека тоа ќе биде нешто што ќе им одговара прво на нив, а потоа и мене – ексклузивно изјави таа за Story.hr.
hellomagazin.rs