Македонски туристи во Грција ќе спијат на улица наместо во хотелот-агенцијата не платила за аранжманите

news
Advertisement

На десет семејства од Македонија со деца денеска им го прекинале одморот во хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција бидејќи агенцијата со која патувале „ЈК травел“ не ги подмириле сметките.

Advertisement

Дека агенцијата немало целосно платено за аранжманите ни потвдија и дел од оштетените туристи. Аце Стојковски за „Република“ раскажува низ што поминале денеска.Се вративме од плажа кога ни кажаа дека мора да го напуштиме хотелот иако имаме платено до недела. Проблеми имаше уште кога пристигнавме. Дојдовме четири фамилии но сместување имаше само за две. Ја контактиравме агенцијата но никој не се јавува-објаснува Стојковски за „Република“.

На прашањето каде ќе ја поминат ноќта велат -надвор пред хотелот.

Македонски туристи во Грција ќе спијат на улица наместо во хотелот-агенцијата ЈК травел“ не платила за аранжманите

Се обидовме да ја контактираме и агенцијата ЈК Травел но на бројот кој ни го дадоа оштетените никој не се јавува.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.