Маричиќ: Сега сѐ е во наши раце, нема ништо спорно во содржината на уставните измени

news

Сега се е во наши раце и тоа е добро, не зависиме од која било друга држава и мислам дека ако мудро, умно и одговорно се постави секој пратеник и секоја политичка партија процесот на уставни измени ќе може да се направи до крајот на скринингот, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Advertisement

Зборувајќи за уставните измени кои се клучни за продолжување на преговорите со Унијата, Маричиќ денеска во интервју за ТВ Телма, рече дека времетраењето на скринингот, кој според него очекува да трае 16 месеци, дава доволно простор да се отвори дијалог со политичките партии, и со пратениците за да се види кога би било тоа најлогично и најсоодветно да се направи.

-Мислам дека треба да се отвори една суштинска дискусија којашто ќе нè одведе и во содржината на уставните измени, којашто мислам дека не е спорна, бидејќи треба да дополниме во Преамбулата и во уште еден амандман, неколку заедници коишто не се спомнати во Уставот, за поддржување на нашите европски интеграции, посочи Маричиќ.

Според Маричиќ, имаме позитивно ниво за да го почнеме и да го завршиме скринингот успешно, бидејќи сме на исто рамниште или во некои делови и подобри од оние земји кои десет години веќе преговараат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.