Марија Шерифовиќ на синот му ја облече кошулата стара 40 години: „Изгубивме многу нешта, а ова успеавме да го зачуваме“ (ФОТО)

Марија Шерифовиќ на синот му ја облече кошулата стара 40 години: „Изгубивме многу нешта, а ова успеавме да го зачуваме“ (ФОТО)

news
Advertisement

Марија Шерифовиќ на синот му ја облече кошулата стара 40 години: „Изгубивме многу нешта, а ова успеавме да го зачуваме“ (ФОТО)

Advertisement

Пејачката Марија Шерифовиќ преку социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека својот наследник Марија го облекла во кошулата на неговата баба стара 40 години.

Марија Шерифовиќ во декември 2023 година доби син со помош на сурогат мајка во Соединетите Американски Држави, а момчето го крсти Марио.

Пејачката често споделува моменти од семејниот дом со својот наследник, а сега покажа дека малечкиот го облекла во кошулата на нејзината мајка Верица Шерифовиќ која е стара 40 години.

– Патувавме, се селевме, изгубивме што не … Ова успеавме да го спасиме. Една кошула. И по 40 години Јуниор ја носи кошулата на баба- напиша Марија со срце емотикон.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ вчера, ги извести своите следбеници на Инстаграм дека малиот Марио ги направил првите чекори, и се пошегува: 

– Тоа е тоа! Ние сме најдобри! Диск хернија – напиша Марија која смета дека ќе има проблем со грбот поради свиткување, што ги насмеа нејзините фанови.

фото: инстаграм принтскрин 

Advertisement