МВР СО АПЕЛ: За да не се повтори синоќешниот хаос кај Маврово, почитувајте ги овие работи

МВР СО АПЕЛ: За да не се повтори синоќешниот хаос кај Маврово, почитувајте ги овие работи

news
Advertisement

Advertisement

Политицијата успеа да го среди сообраќајниот хаос во Маврово, соопштија од МВР. Од таму повикуваат да се почитува сообраќајниот режим и да не се патува без соодветна зимска опрема. -За да не се повтори синоќешната состојба во Маврово, каде што ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за да физичко регулирање и расчистување на сообраќајот, кое траеше со до 21.45 часот, МВР апелира до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставувањето на сообраќајниот режим, и да се движат согласно предвидените правила, да не тргнуваат во правец на овие локалитети со летни гуми и без соодветен зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и бараме од возачите да придонесеме сите заедно за безбедноста во сообраќајот но и општо целата безбедност за да не се доведеме повторно во слична ситуација, велат од МВР.

Advertisement