МИНИСТЕРОТ ТУПАНЧЕВСКИ МУ ФРЛИЛ ОКО НА ШПЕНД ТАХИРИ Ќе биде ли избркан и директорот на затворот „Идризово“?

news
Advertisement

Разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции не значи дека работата е завршена, изјави министерот за правда Никола Тупанчевски, не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово”, Шпенд Тахири.

Advertisement

Министерот за правда Никола Тупанчевски вечерва изјави дека разрешувањето на директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, поради бегството на затвореникот Беким Мемети, не значи дека работата е завршена, туку треба да се дојде до докази кој се е инволвиран. Тој во интервју за Топ тема на Телма не ја исклучи можноста истрагата за бегството на Мемети да резултира со уште разрешувања директори, меѓу кои и на директорот на затворот „Идризово”, Шпенд Тахири.

– На вчерашната седница на Владата е разрешен директорот на Управата за извршување на санкции и се разгледуваа сите варијанти што всушност би значеле одговорност по вертикална линија. Да потсетам дека пред три или четири месеци претходниот директор кој исто така беше директор на затворот „Идризово“ беше разрешен токму од страна на Владата. Не значи дека тука е завршена целата работа. Едноставно, треба да се откријат, да се стигне до докази кој се’ е инволвиран во целава оваа работа дури и формациски. Може да нема директно влијание или директни ингеренции во однос на случувањата, меѓутоа дефинитивно понекогаш треба да се поднесе одговорност и во формално правна смисла на зборот, односно формациски – нагласи Тупанчевски.

На прашањето дали Владата оценила дека одговорноста на Тахири е помала од таа на Спасовски, Тупанчевски тврди дека не станува збор за оценување на поголема или помала одговорност, затоа што одговорноста би требало да биде по вертикална линија, од првиот до последниот, а тоа треба да го покаже истрагата.

Прашан дали тоа значи дека може да биде разрешен и директорот на „Идризово“, тој вели дека тоа не е исклучено, бидејќи се разгледуваат сите опции.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.