Мистериозна смрт: Познатиот актер и сопругата паднале од 6 кат, во станот биле и нивните две деца!

news
Advertisement

Полицијата во Њујорк ја истражува мистериозната смрт на албанскиот актер и неговата сопруга, кои паднале од шести кат од зграда и истражува дали можеби имало знаци на борба.
Албанскиот актер Флоринд Белиу (35) и неговата сопруга Орнела Шехи (28) во саботата околу 9 часот биле пронајдени мртви во дворот на зграда во Бронкс. Соседите велат дека го слушнале плачот на нивните два сина, едниот двегодишен, другиот шестгодишен, а локален извор за Њујорк пост изјавил дека Орнела паднала прва, а неколку секунди подоцна и нејзиниот сопруг.

Advertisement

Во станот наводно не била пронајдена проштална порака, а додека се чекаат резултатите од обдукцијата, полицијата истражува дали можеби имало знаци на борба пред кобниот пад. Откако неколку соседи го опишале актерот како „бесен човек“, кој „се држеше за себе“, полициски извор за Пост изјавил дека мажот можеби боледувал од ментално растројство.

„Во станот постојат знаци кои покажуваат дека не било се во хармонија, како да не одлучиле само да ги остават децата и да скокнат“, велат од полицијата.
Соседите исто така истакнале дека Флоринд тој кобен ден го прославувал својот роденден, а парот го опишале како тивок и повлечен. Инаку, парот пред четири месеци се вселил во нов стан со двете деца, а полицијата не добила пријави за семејно насилство

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *