Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

news
Advertisement

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска ќе одржи редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи на која се очекува да биде договорено кога ќе се одржи пленарната седница за избор на седмиот член на Државната изборна комисија (ДИК).

Advertisement

Абдуш Демири, кој е предлог на партиите од Европскиот блок за промени, е предлогот за член на ДИК. Демири минатата недела на седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше поддржан за член на Комисијата со 10 гласа „за“, еден „воздржан“ и еден „против“.

Вториот кандидат, кој се повлече, беше Зуљфи Адили бидејќи Владата на предлог на Зијадин Села од Алијанса за Албанците го именува за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

За изборот на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство. ДИК е без еден член повеќе месеци откако Кренар Лога стана министер за правда.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.