Муареми ќе поднесе кривична против Русковска, претресот бил тенденциозен

news

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, најави кривична пријава против обвинителката Вилма Русковска за претресот во Управата пред две недели. Се пожали и на лоша соработка со нејзиното Обвинителстово и на заобиколување за „големи“ предмети. Од Русковска засега нема коментар.

Advertisement

Кривична пријава против шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Вилма Русковска најавија денеска од Управата за финансиска полиција, каде на 18 минатиот месец обвинителите извршија претрес. Кривична пријава ќе поднесат и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршиле претресот. РСЕ побара коментар од обвинителката Русковска за најавената кривична пријава, но одговор не добивме.

„Не смее Вилма Русковска да ги руши државните институции, да создава јавен впечаток дека Финансиска Полиција е корумпирана и не работи според закон, а истовремено да смета дека никој не смее да ја контролира и оценува нејзината работа“, рече првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми на брифинг со новинарите.
Тој вели дека претресот бил тенденциозен, со единствена цел да му се наруши угледот, да се доведат во пршање сите постапки што ги воделе и води, а се со цел, како што вели, да ги заштити интересите на нејзините блиски луѓе, пријатели и соработници за кои Управата води предмети.

Обвинителката постапувала по анонимна пријава, а до Судот навела дека директорот на Управата за финансиска полиција сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание и дека располага со докази за основано сомнение дека го сторил тоа кривично дело“.
Тоа според Управата значи дека обвинителката кога го поднесувала барањето за претрес до судот располагала со докази каква награда примил директорот и од кого ја примил, и во кој период, но кога се вршел претресот обвинителите побарале „ предметите оформени по поднесени анонимни кривични пријави, поднесени од 2018 година до денот на претресот“.

Од Финансиската полиција велат дека ќе поднесат кривична пријава за обвинителките за Злоупотреба на службена положба и овластување и за Фалсификување службена исправа.
Од Финансиската полиција велат дека при претресот биле направени низа пропусти од страна на обвинителите, еден од тие пропусти е што претресот не бил правен според наредбата издадена од Судот, друго е што кога се прави претрес во државен орган, според Законот за кривична постапка, треба да се присутен старешината, во случајов министерот за финансии (или од него назначено лице ), велат од Управата за финансиска полиција.

Владата не коментира тековни истраги на обвинителството
Побаравме одговори и од Министерството за финансии и од Владата, оти финансиската полиција е дел од Министерството за финансии, а директорот на институцијата го поставува Владата. Ги прашавме дали се запознаени со медиумската „војна“ меѓу Муареми и Вилма Русковска и за тоа дали владата се уште има доверба во Муареми.

„Владата не коментира тековни истраги на обвинителството“, ни одговорија од Владата.
Муареми запрашан дали се пожалил кај својот шеф за тоа што му се случува, одговара: „Во туѓи битки никој не се меша“.
За претресот, кои од Управата го окарактеризираа како незаконски, финансиската полиција веќе поднесе претставки до Судскиот совет, до Советот на обвинители и до Државното обвинителство.

Државниот обвинител Љубомир Јовески на 29 јули оцени дека Обвинителството за гонење организиран криминал направило пропусти во однос на претресот на Финансиска полиција. Но шефицата на ова обвинителство Рускоска на тоа реагираше дека јавниот обвинител нема законско право да се меша во постапувањето по конкретен предмет.
Обвинителствата на Јовески и Русковска со контра-ставови за претресот во Финансиска полиција
Од Финансиска полиција не се задоволни од соработката со Обвинителството за гонење организиран криминал. До нив во изминатите години, кога не чело на оваа институција е Арафат Муареми доставиле низа пријави, наредби и извештаи од ОЈО ГОК, но од Обвинителството многу случаи не процесуирале, експресно ги отфрлиле или дека предметите „ги заборавиле“ во фиока.

Финансиска полиција брифира и дека на Русковска и протекуваат документи, па анонимната пријава по која што таа направи претрес во Финансиска полиција, осамна по четири дена на еден портал. И тоа не е прв пат на ОЈО ГОКК да му протекуваат документи, велат од Управата, и тоа се на ист портал. Потоа од Управата потсетуваат дека за Русковска пред неколку денови излезе снимка, за која таа самата потоа откри дека ја снимил бизнисменот Орце Камчев. Од Управата прашуваат дали Русковска обезбедува некоја поволност на тие луѓе?

Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“
ВИДЕТЕ И ОВА:
Кочан ќе излезе од затвор додека државата да ја наплати штетата од Трансмет
„Од позиција на моќ, злоупотребувајќи ја својата функција, ова што Вилма Русковска го направи не е нешто ново, ова не е исклучок. Ова е патерн на нејзино однесување и делување. Кршење на закони, злоупотреби, закани …. ќе се сетите на пораката на судијата дека ќе го истресе од гаќи и сл.“, велат од Управата на брифинг со новинари.

Од Финансиска полиција прашуваат и зошто за одредени големи, капитални предмети Обвинителството на Русковска не соработувало со нив.
„Зошто ОЈО ГОКК од нас не побара да се извршат проверки во актуелни истраги ( да се испита потеклото на парите за Мијалков, за Груевски, за Орце Камчев), а експресно постапи по оваа анонимна пријава и дојде претреси неосновано и незаконски да прави“, прашуваат од Управата.
Првиот човек на Финансиската полиција Арафат Муареми објаснува дека неговата институција не може самостојно да се меша и да презема дејствија кога постои истражна постапка, судска постапка, туку Обвинителството во истражни и судски постапки тоа треба да го побара од Управата.

Во исто време кога Обвинителството врши претрес во Финансиска полиција Муареми добива пријава од жител на Дебар, поврзана со мислење за отуѓување на имот. Против истиот човек Управата веќе водела предистрага за постапка. Станува збор за оттуѓување на државно земјиште со кое стопанисува државна институција – Акционерското друштво за станбен и деловен простор. Откако финансиска полиција почнала предистражна постапка за жителот од Дебар, со иницијали К.С, тој го пријавува Муареми до Основното јавно обвинителство, до Обвинителството за борба против организиран криминал, до премиерот Димитар Ковачевски и до министерот за финансии Фатмир Бесими.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.