Advertisement
НАПАД НА ГРЧКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО ГАЗА: Меѓу настраданите е брачна двојка и нивното неродено дете
Advertisement
Брачна двојка и нивната неродена ќерка се меѓу загинатите во нападот на грчката православна црква, Св. Порфириј во Газа, пренесуваат светските медиуми.
Во нападот настрадаа 18 луѓе, од кои осум се деца. Во црквата од нападите на Израел засолниште најдоа околу 400 лица, претежно палестински христијани. Израелската војска негираше дека таа го извршила нападот. Но, Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди, како што го опиша, „израелското бомбардирање кое целеше на една од нејзините црковни згради во градот Газа“. Од 7 месецов има воени дејствија, откако палестинската група Хамас почна со напади на Израел.
Advertisement