Advertisement
Тим научници од Универзитетот во Амстердам ги претставија раните наоди за успешно отстранување на вирусот ХИВ од инфицираните клетки со помош на техниката на генетски инженеринг CRISPR.
Advertisement
Со оваа техника „лошите“ делови од ДНК се сечат на молекуларно ниво, а научниците се стремат еден ден целосно да го исчистат телото од ХИВ, иако напоменуваат дека ова откритие е само „доказ за концепт“ и дека нема да стане лек за ХИВ долго време, пренесува Би-би-си Њуз.
„Ќе биде потребна многу повеќе работа за да се покажат резултатите од овие тестови на целото тело, за идните терапии“, рече Џејмс Диксон, вонреден професор по технологија на матични клетки и генска терапија на Универзитетот во Нотингем.
Advertisement