Најмалку седуммина мртви и над 700 повредени во силниот земјотрес на Тајван

news
Advertisement

Седум лица загинаа, а најмалку 736 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Тајван, соопштија локалните власти.

Advertisement

Сите смртни случаи се во округот Хуалиен.

Земјотресот со јачина од 7,2 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а има и лица заробени во згради и тунели низ градот, соопштија властите, пренесува Би-би-си.

Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години беше почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажуваат урнати станбени згради и луѓе евакуирани од домовите и училиштата.

Од паѓањето на фасадите оштетени се и многу автомобили и продавници.

Низ целиот остров пријавени се прекини во електроднабдувањето и интернетот.

Силниот земјотрес случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег. Во Тајпеј сè уште се чувствуваат последователни потреси, со најмалку 25 досега, според жителите.

Енергетската компанија Таипауер соопшти дека најголемиот дел од снабдувањето со електрична енергија е обновено, додавајќи дека двете нуклеарни централи на островот не биле погодени од земјотресот. Тајванскиот оператор за брза железница соопшти дека нема извештаи за штета или повредени во неговите возови, но рече дека возовите ќе доцнат додека врши инспекции.

Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до јужната префектура Окинава и подоцна го укина предупредувањето за плимниот бран.

Сеизмолошката агенција на Филипините исто така издаде предупредување за жителите на крајбрежните области и ги повика да се засолнат на повисоките места. Земјотресот е почувствувани во Шангај, Кина.

Државната новинска агенција соопшти дека тоа е најсилниот земјотрес од 1999 година, кога земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, при што загинаа околу 24.000 луѓе, а уништени или оштетени беа 50.000 куќи.

МИА

700 повредени, земјотрес, седуммина мртви, Тајван

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.