Advertisement
Најмалку шест луѓе се повредени, од кои четворица потешко во земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во западна Кина.
Advertisement
Епицентарот на земјотресот бил во планинскиот венец Тиан Шан и дека тоа е најсилниот земјотрес од 70-тите години од минатиот век.
Земјотресот оштети над 120 згради во Синџијанг, а нарушен е и железничкиот сообраќај во тој регион.
Земјотресот е почувствуван и во соседните држави – Киргистан и Казахстан.
Земјотресите се чести во западна Кина, вклучувајќи ги провинциите Гансу, Чингхаи, Сечуан и Јунан, како и регионот Синџијанг и Тибет.
Advertisement