Advertisement
Advertisement
Осум лица загинаа, а уште осум се повредени во пукање во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи. Полицијата соопшти дека ги неутрализирала двајцата напаѓачи, кои ги опишаа како „очигледни терористи“. Националната служба за итни случаи на Израел извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица во Јафа. На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се видат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека се уште се слушаат истрели. Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на несреќата зеле најмалку седум повредени лица.
Advertisement