Најчестите сексуални проблеми во 50-тите години од животот (и како да ги решите)

news
Advertisement

Намалено либидо, проблеми со ерекција, сувост… Некои промени кои доаѓаат со возраста се сосема нормални, но можат да имаат влијание врз сексуалниот живот.

Advertisement

Постојат многу заблуди и митови поврзани со сексот, особено кога станува збор за повозрасни лица.

Важно е да знаете дека некои промени – физички и психички – се сосема нормална појава по 50-тата година од животот.

Сепак, овие промени можат да имаат влијание врз сексуалниот живот и важно е да бидете свесни за тоа.

Дел од најчестите сексуални проблеми кај повозрасни луѓе и како можете да ги решите:
Погрешни верувања за сексот и возраста
Многу луѓе имаат погрешни верувања за сексот и возраста.

Односно, многумина сметаат дека по 50-тата година, нивното либидо нема да постои и не треба да имаат секс. А, овој негативен став може да има влијание врз сексуалниот живот.

Иако е точно дека возраста има влијание врз хормоните и либидото, тоа не значи дека по 50-тата година вашиот сексуален живот треба да замре.

Всушност, по оваа возраст, луѓето генерално се чувствуваат посамоуверено и сексот може да им биде подобар од кога било.

Сувост на вагината
Менопаузата предизвикува намалено ниво на естроген, а ова, пак, може да биде причина за сувост на вагината.

За да го решите овој проблем, препорачливо е да одвоите повеќе време за предигра.

Исто така, можете да пробате да користите лубриканти.

Проблеми со ерекција и ејакулација
Промените во ерекцијата се сосема нормална појава кај мажите по одредена возраст.

По 50-тата година нормално е да биде потешко да се постигне ерекција, а и повремената еректилна дисфункција не е ретка појава.

Како кај жените, и овој проблем може да се реши со подолга предигра.

Доколку сепак имате посериозен проблем со ерекцијата, секогаш можете да се консултирате со лекар.

Повозрасните мажи може да забележат и промени во ејакулацијата, однос да ејакулираат помалку. И, ова не треба да ги загрижува.

Намалена желба за секс
Веќе спомнавме дека кај повозрасните мажи и жени е сосема нормално да се намали либидото.

Причината за ова се хормонални промени, намалено ниво на енергија, а во некои случаи и физичките промени кои се нормални со возраста.

Најважно е да разговарате со партнерот за вашето либидо.

А, за да си ја вратите желбата за секс, пробајте да го „зачините“ сексуалниот живот – пробувајте нешто ново, праќајте си секси пораки, па дури и консултирајте се со експерт ако сте загрижени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *