НА ВЛАСТА Ѝ ФАЛАТ 10 ПРАТЕНИЦИ За усвојување на дневниот ред гласаа само 70 пратеници, опозицијата аплаудираше

news
Advertisement

Како што дознаваме од партиски извори, вкупно присутни пратеници во собраниската сала се 119, а 70 пратеници гласале „за“ и 47 гласале „против“.

Advertisement

Со усвојување на дневниот ред започна расправата за потребата за измена на Уставот.

Прва и единствена точка на дневен ред беше Предлог за изменување на Уставот, а тој беше усвоен со 70 гласови „за“.

За изгласување на потребата за уставните измени се потребни 80 гласови.

Кога дневниот ред беше усвоен со 70 гласови, опозицијaта аплаудираше, бидејќи власта немаше 80 гласови.

Како што дознаваме од партиски извори, вкупно присутни пратеници во собраниската сала се 119, а 70 пратеници гласале „за“ и 47 гласале „против“.

Не гласале двајца пратеници: Илија Николовски од Пензионерската партија која е дел од владејачката коалиција, како и Фадиљ Зендели од Беса.

Отсутен е само пратеникот Диме Велковски од СДСМ.

Реакција на оваа тема имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој на Фејсбук напиша дека „пукна балонот на лагите“.

„Потонаа лагите на мнозинството. Над една година ја малтретираа јавноста со лажни вести, лаги и манипулации. Пукна балонот на лагите. Две работи се јасни: ДУИ, СДСМ и другите од мнозинството имаат само 70 пратеници за промена на Уставот. Далеку од потребните две третини или 80 пратеници. ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија гласаа ПРОТИВ. Сите 44 пратеници. Тоа го велиме една година и до крај ќе останеме на тој став. НЕМА ПРОМЕНА НА УСТАВ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ. Јасни се работите. Време е за предвремени парламентарни избори“, напиша Стојаноски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.