Пендаровски му залепи “жешка” на Фрчко: Изворите ти се кафански

News

Се „закачија“ Фрчко и Стево: Пендаровски се огласи откако Фрчковски го обвини за „мешетарење“ во СДСМ, еве што кажа

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се огласи на социјалните мрежи и не му остана должен на професорот Љубомир Фрчковски кој во емисијата „Во Центар“ го прогласи за „мешетар во СДСМ“.

„Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата “Во Центар” во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување:

Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум “мешетарел” како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување.

Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради “квалитетот” на изворите со кои се дружат, напиша Пендаровски.

Инаку Фрчковски го обвини Пендаровски дека „мешетари внатре во СДСМ“.

Тој ова го кажа во гостувањето во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *