Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро, изјави Груби за весникот Лајм.
Вицепремиерот Артан Груби ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети.
Груби во изјава за Лајм рече дека нема такви амбиции, а воедно му одговори и на сопартиецот Невзат Бејта, кој денеска го нападна, нарекувајќи го „тенеќе“.
– Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро – изјави Груби за Лајм.
На прашањето дали Ахмети побарал оставка од него, како што бараат членовите на т.н. „Огнена група“ во ДУИ, Груби вели дека последниот збор го има партискиот лидер, кој „кажал сѐ“.
Ахмети вчера им порача на „огнените“, предводени од актуелните градоначалници на Чаир и Сарај, Изет Меџити и Блерим Беџети дека нема намера да го смени Груби.