Нема бесплатни прегледи и породување за здравствено неосигураните бремени жени, докторите велат нема ништо незаконско во тоа решение

news
Advertisement

Невладините бараат стари правила повторно да важат. Бесплатни прегледи и бесплатно породување за жените кои не се здравствено осигурани од годинава нема – а, од Здружението за еманципација на жените повикуваат да се врати програмата и Министерството за здравство повторно да усвои буџет за такво нешто, без разлика на статусот на здравствено осигурување на пациентките.

Advertisement

ИАКО ЗАКОНСКИ СИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ СО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПРАКСАТА ПОКАЖУВА ДЕКА ГРАЃАНИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО РЕАЛНИ ПРОБЛЕМИ КОИ ИМ ОНЕВОЗМОЖУВААТ ДА БИДАТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРАНИ. ЕДНА ОД ПРИЧИНИТЕ Е ТОА ШТО РАБОТОДАВАЧИТЕ НЕ УПЛАЌААТ РЕДОВНИ ПРИДОНЕСИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, СМЕТААТ ОД ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ЕМАНЦИПАЦИЈА, СОЛИДАРНОСТ И ЕДНАКВОСТ НА ЖЕНИТЕ, ЕСИ.

Решението на Министерството за здравство да скрати пари наменети за бесплатни прегледи и породување на бремени жени без здравствено осигурување не се коси со законот, велат од Здружението на матични гинеколози.

НА ТАА ЖЕНА ЈАС МОЖАМ ДА Ѝ НАПРАВАМ ПРЕГЛЕД ЕТЕ ДА ПРОГЛЕДАМ НИЗ ПРСТИ И ДА Е БЕСПЛАТЕН ПРЕГЛЕДОТ, БИЛО ДА Е ТАА БРЕМЕНА ИЛИ НЕ. МЕЃУТОА, НИТУ МОЖАМ ДА ДАДАМ РЕЦЕПТ, НИТУ МОЖАМ ДА ИЗДАДАМ УПАТ ЗА СЕКУНДАРНО И ТЕРЦИЕРНО ЗДРАВСТВО. СПОРЕД НАШЕТО ЗАКОНОДАВСТВО, СЕКОЈ ГРАЃАНИН НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРАН ПО БИЛО КОЈ ОСНОВ – ДАЛИ ПРЕКУ ВРАБОТЕНОСТ, ДАЛИ ПРЕКУ ЧЛЕН НА СЕМЕЈСТВОТО КОЈШТО Е ВРАБОТЕН ИЛИ ПРЕКУ ДРУГ ОСНОВ КОЈШТО ГО ПРЕДВИДУВА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ВЕЛИ Д-Р ДУШКО ФИЛИПОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МАТИЧНИ ГИНЕКОЛОЗИ.

Гинеколозите велат дека реакцијата на невладините можеби ќе беше и поиздржана ако не беше упатена до здравствените власти, туку до други институции кои ги креираат законите, но и до пациентките – за тие да се осигураат.

Петар Догов

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.