Бизнисот на Душко Тошиќ се‘ повеќе се развива
Разводот на поп ѕвездата Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ со месеци е главна тема во медиумите, откако самата Јелена објави дека ќе се разведат. На големо се шпекулира како во иднина ќе изгледа животот на најпознатата двојка во Србија, а по завршувањето на професионалната кариера поранешниот фудбалер поголемиот дел од времето го поминува во Белград. Душко Тошиќ, покрај неговите ќерки, сега е најповрзан со главниот град преку неговиот бизнис.
Во прилог на ова популарниот фудбалски менаџер решил да инвестира пари во приватен бизнис. Имено, по завршувањето на судската постапка, односно разводот, тој преку својот Инстаграм ги извести своите следбеници дека отворил луксузен ресторан во елитна населба во која живеат голем број српски јавни личности.
Како што може да се види од објавите кои често ги споделува, темните нијанси доминираат во локалот кој се наоѓа во престижната населба во Белград, а се‘ е направено во стилот на најскапите италијански ресторани.
Посебен акцент ставил на менито, а несомнено е дека бизнисот на Душко Тошиќ ќе доживее голем успех во наредниот период.
За потсетување, врската меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е интригантна веќе подолго време, а пејачката неодамна објави изјава во која изјави дека потпишала заеднички развод по 16 години. На новинарско прашање дали случајно би се помирила и повторно ќе се омажи за Душко, Јелена одговорила:
– Јас и Душко сме де факто сè уште во брак додека судијата не го потврди и потпише. Да беше така, немаше ни да се разведеме. Морам да кажам една бизарна работа, дека тоа беше идеја на Душко: дека прво треба да се разведе од мене за да испадне што е можно поголем маж, а потоа повторно да ме запроси. Нема ништо од тоа.
Фото: Инстаграм/ Youtube – screenshoot