Неостварената љубов на Благуња и Аце Абаџијата преточена во народната песна „Благуњо дејче, пожаранче“: Еве што кријат овие стихови

Неостварената љубов на Благуња и Аце Абаџијата преточена во народната песна „Благуњо дејче, пожаранче“: Еве што кријат овие стихови

news
Advertisement

Неостварената љубов на Благуња и Аце Абаџијата преточена во народната песна „Благуњо дејче, пожаранче“: Еве што кријат овие стихови

Advertisement

Секоја македонска народна песна зад себе крие своја уникатна приказна. Зборовите кои се отпеани во песните, се засновани на вистински настан. Една таква е македонската песна од почетокот на 20-от век, „Благуњо дејче“.

Неостварената љубов помеѓу младиот Аце Абџијата и убавата Благуња Џолова, наречена Пожаранка, бидејќи била родум од гостиварското село Пожарание, е прелеана во љубовните стихови на оваа песна.

Благуња била родена на 11 април 1889 година во селото Пожаране и била трето дете на Никола Џолов, поранешен печалбар во Влашко.

Благуња имала двајца браќа, Захарија и Александар. И двајцата биле многу надарени и паметни деца, па татко им ги пратил на школување. Захарија учел во Москва, додека Александар во гимназија во Цариград.

Во првите години од XX век, таткото на Благуња, Захарија и Александар,  Никола продал сѐ што имал во Пожаране и купил куќа во Тетово, во Горна Чаршија.

Песната за убавата Благуња ја отпеале другарите на Аце Aбаџијата, кој безуспешно пратил стројници да ја побараат, затоа што таа се омажила за Диме Бошњакoски, во 1905 година.

Аце Абаџијатапочинал многу млад, а Благуња Пожаранка Бошњакоска живеела 67 години.

Нејзиното вечно почивалиште е во семејна гробница на тетовските градски гробишта, каде нанадгробната плоча стои дека нејзиното има е Благуња, а не Благуна, како што погрешно се пее од некои исполнители.

Advertisement