„Не сме имале секс една година – зошто жена ми не признава дека има афера?“

news
Advertisement

„Со сопругата не сме имале секс речиси цела година и таа едвај зборува со мене. Секоја вечер ја минува излезена со пријателките или работи до доцна. Една вечер пред неколку седмици таа стана од каучот и го остави мобилниот телефон на масичката. Тој светна и видов дека ѝ стигна порака од колега…“

Advertisement

ne-sme-imale-seks-edna-godina-zoshto-zhena-mi-ne-priznava-deka-ima-afera-01.jpg

Маж се обраќа до британскиот магазин TheSun со емотивна исповед дека неговата сопруга комуницира со друг маж и најверојатно го изневерува.

Тој искрено ја објаснува ситуацијата во која се наоѓа:

„Со сопругата не сме имале секс речиси цела година и таа едвај зборува со мене. Секоја вечер ја минува излезена со пријателките или работи до доцна.
Јас имам 56, а таа 54 години, во брак сме 25 години, а децата повеќе не живеат со нас.

Една вечер пред неколку седмици таа стана од каучот и го остави мобилниот телефон на масичката.

Тој светна и видов дека ѝ стигна порака од колега, кој е 10 години помлад од неа и знам дека е женкар.
Кога се врати ѝ кажав дека добила порака, а таа го провери телефонот и кажа дека станувало збор за нешто од работа.

Но, јас ја видов пораката и гласеше: „Кажи ми кога ќе бидеш сама“.
Моите сомневања се разгореа и во наредните денови го проверував нејзиниот телефон. Ѝ стигаа пораки од него, дури и навечер додека лежеше со мене на спалната и се преправаше дека гледа нешто на социјалните мрежи, таа се допишуваше со него.

Вчера се соочив со неа и таа негираше. Ми го покажа дури и телефонот, но пораките веќе ги имаше избришано.
Во текот на денот ме бомбардираше со внимание и беше нежна како ретко кога.

Вознемирен сум што спие до мене, а комуницира со друг маж.
Подготвен сум да вложам напор за да си го средиме бракот, но ми изгледа како таа да се има откажано од нашиот брак.“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.