„Ниту една жена над 25 години не треба да носи бикини“: Контроверзните зборови на оваа новинарка ги збеснаa жените ширум светот

news
Advertisement

На фотографијата ја гледаме прекрасната Шерон Стоун во бикини на 64 години, и изгледа феноменално – ние не гледаме ништо спорно на оваа фотка, но за една британска новинарка ова е неприфатливо…

Advertisement

Мислите ли дека доаѓа таков момент кога ќе остариме „доволно“ за да не треба да шетаме на плажа во бикини?

После која возраст е тоа „претерано“? После 25 години! Така барем мисли познатата британска новинарка и водителка Џенет Стрит-Портер, која предизвика лавина од коментари кога во својата колумна го искажа ова контроверзно и според многумина жени – сосема лудо мислење.

– Немам намера да носам бикини. Која возрасна жена со здрав ум се убедува себеси дека треба да го носи ова лудо парче облека? Зошто наивно веруваат дека две ситни парчиња стратешки поставена ткаенина можат да направат чудо? Во бикини секоја жена над 25 треба да се чувствува изложено, ранливо и малку смешно.
Облечете бикини, одете на плажа или базен и секогаш ќе има девојки кои изгледаат 200 пати подобро од вас без никаков труд. Без да кренат нешто потешко од мобилен, без да ги исфрлат јаглехидратите од исхраната или да се откажат од алкохолот. Тие само ќе лежат таму и ќе бидат млади и убави.
Бикинито е зло, најсуров начин да се разликуваат жените од девојчињата. Со него, модната индустрија прави зрелите жени да се чувствуваат лошо. Бикини е костим за капење без никаква потпора. Бикини нема да го прикрие стомакот или да ја скрие лузната од царски рез.
Имав само неколку бикини во животот и ми одговара само затоа што имав 23 години и бев слаба како стап.
Моето тело вреди повеќе од ритуално летно понижување во бикини, а истото треба и твоето, напиша Џенет.
Очекувано, за нејзиниот став пламнаа коментари на социјалните мрежи.

– Не разбирам, дали мојата лузна од царски рез е нешто од што треба да се срамам? Дали мојот стомак е нешто што треба да го кријам? За кого зборува оваа жена? Сигурно не за мене. Имам 49 години и на 99 ќе носам бикини ако живеам толку долго, напиша една жена.

– На плажа редовно гледам жени над 50 години кои се во подобра форма од некои 20-годишни, така што навистина нема логика во ова размислување, рече друга.

– Навистина е време да се опуштиме и во 21 век да си дозволиме себеси (и на другите) да ја носиме облеката што ни се допаѓа без оглед на тоа што мисли околината за тоа.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.