Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на полноќ ќе се намали цената на дизелот за еден денар по литар, а бензините поскапуваат од 1 до 1,50 денари по литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари по литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар по литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 денар по литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 46,025 ден/кг.
Новите цени на горивата се следните: ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 87,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 денари по литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 денари по литар, Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 денари по литар и Мазут М-1 НС 46,025 денари по килограм.
Извор: https://kurir.mk/makedonija/ekonomija/novi-tseni-na-gorivata-od-polnok-4/