Нови 1.233 случаи на ковид-19, пријавени 10 починати лица

news
Advertisement

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена направени се 3.561 тестови, а регистрирани се 1.233 нови случаи на КОВИД-19.

Advertisement

Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.
Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91г, 87г, 82г и 77г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67г.) и Прилеп (83г.). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.07 до 28.07.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *