Нов снег над Македонија. Еве каде врне во моментот

news
Advertisement

Врнежи од снег на Попова Шапка

Advertisement

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта, и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.