Ноќна драма во Велес: Огнот зафати автомобили и бандера, пожарникарите спречија катастрофа

News

Сериозен пожар избувнал синоќа околу 22:25 часот во стариот дел на Велес, на улицата „Љубен Весов“, во непосредна близина на спомен-куќата на Кочо Рацин. Огнот најпрвин зафатил едно патничко возило, по што брзо се проширил и на втор автомобил, како и на електрична бандера.

Поради тесните и стрмни улички и густо распоредени куќи, постоела реална опасност пожарот за кратко време да се прошири и врз околните домови. Благодарение на навремената реакција на Територијалната противпожарна единица – Велес, огнената стихија била локализирана пред да предизвика поголема штета.

На терен интервенирале шест пожарникари со две противпожарни возила, кои и покрај отежнатиот пристап успеале целосно да го изгаснат пожарот. Причините за избувнување на огнот засега не се познати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *