Оваа позната Турчинка е жив потомок на султан Сулејман: Името го добила по Хурем

Оваа позната Турчинка е жив потомок на султан Сулејман: Името го добила по Хурем

news
Advertisement

Оваа позната Турчинка е жив потомок на султан Сулејман: Името го добила по Хурем

Advertisement

Сулејман Величествениот, најважниот отомански владетел, зад себе оставил големо потомство. Официјални извори наведуваат дека имал осум сина и пет ќерки, но четири починале во детството. Речиси пет века по неговиот „величествен век“, Турција била освоена од убавица која потекнувала од истата лоза, а името го добила по нејзиниот далечен предок Рокселана, моќната султана Хурем.

Десеттиот султан на Отоманската империја, Сулејман Величествениот, владеел од 1520 до 1566 година. Тој беше вешт стратег, реформатор, префинет поет и успешен војсководец кој ја прошири својата наследена империја на три континенти. Но, овојпат нема да зборуваме за неговите освојувања… Последните години од животот на големиот владетел поминале во сурови семејни конфликти и интриги, во кои во прв план била неговата омилена сопруга Хурем.

Со Хурем, или Рокселана или Александра, ќерката на украинскиот свештеник, која била заробена од Татарите и продадена на пазарот во Истанбул, имал пет сина – Мехмед, Абдула, Селим, Бајазид, Џихангир и ќерката Михримах. Право на тронот имал неговиот најстар син Мустафа, кој го имал со првата сопруга. Но, султанот наредил да го задават. Откако Мехмед починал од сипаници, а по наредба на Сулејман бил убиен и Бајазид, тронот го наследил Селим II, кој воопшто не бил кандидат за таа позиција.

Селим бил наследен од Мурат III, а последниот апсолутистички владетел од оваа линија бил Абдул Хамид II, кој бил соборен во 1909 година. Неговиот братучед, калифот Абдулмеџид II, 37-ми владетел на отоманската династија, бил протеран од Турција во 1924 година, кога била основана републиката. Починал две децении подоцна во Париз, каде што бил во егзил.

Отоманската династија, сепак, не изумре. Потомците на познатите султани расфрлани низ светот. Некои дури се вратија во Турција кога им беше дозволено да се вратат. Многумина сега го носат презимето Османоглу („син на Осман“), но одамна престанаа да имаат палати, слуги, војска и се разбира, харем. Некои се посветија на јавните работи и станаа многу успешни во светот на шоу-бизнисот. Меѓу нив е и популарната водителка Рефија Роксан Кунтер Оксан.

Ако името Роксан ве потсетува на Рокселана, знајте дека е намерно. Таа е потомок на султана Хурем и Сулејман Величествениот, а нејзиниот татко Ерман Кунтер е правнук на последниот султан Абдул Хамид II. Името и презимето веројатно им се познати на локалните љубители на спортот, бидејќи Кунтер беше еден од најуспешните турски кошаркари и тренер на Галатасарај.

Роксан, која е родена 1984 година во Истанбул, се занимавала и со кошарка. Таа, меѓу другото, играше и во Лион, каде што заврши колеџ. Извесен период работеше како одговорен за односи со јавноста во Турската кошаркарска федерација, а денес специјалност и се спортските емисии.

Иако ги делат речиси пет века, многумина велат дека убавата водителка има „нешто“ што би можело да ја потсети на нејзиниот далечен предок Султана Хурем. Дури и најмоќната жена во Отоманската империја имала сини очи, барем ако треба да им веруваме на сериите и хроничарите од тоа време, кои во секоја прилика го истакнувале нејзиното словенско потекло.

Роксан е многу активна на Инстаграм, каде покрај интересни епизоди од деловниот живот, често објавува и детали од приватниот живот. На прво место се нејзиниот сопруг и син, но, како што гледаме на оваа социјална мрежа, патува и големата љубов на убавата Турчинка.

FOTO: Instagram printscreen

Advertisement