Оваа убавица и секс бомба ја изневеруваше кој стигна: Убава и богата, но несреќна во љубовта! (ФОТО)

news
Advertisement

Пред Том, Никол три години беше во врска со тенисерот Григор Димитров, за кого првично имаше само пофални зборови…
Никол Шерцингер е една од најжешките жени на планетата. Таа е успешна, богата и убава и секој би помислил дека може да го освои секој маж на планетата.
Сепак, Никол имаше многу разочарувања во љубовниот живот. Иако сега е среќна во врската со поранешниот рагбист Том Еванс, кој наводно се свршил со неа на почетокот на јули на Миконос, таа во минатото имаше големи љубовни разочарувања. Пред Том, Никол три години беше во врска со тенисерот Григор Димитров, за кого на почетокот имаше само пофални зборови.

Advertisement

„Добро е за девојките да бидат со добри момци. Почитувајте ги добрите момци, тие можат да победат! Тој е толку сладок! Прекрасно е кога и двајцата имате кариери за да имате простор да се фокусирате на себе и на своите работни места”, изјави пејачката на групата „Pussycat Dolls” на почетокот на нивната врска. Сепак, нивната врска, како што се пишуваше, беше далеку од идеална. Се зборуваше дека неколку пати ја изневерувал, а освен тоа таа сакала брак додека пак Димитров не бил спремен да се смири.

Пред него, таа излезе повредена од седумгодишната врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон. Тие раскинаа бидејќи таа никогаш не беше на врвот на неговите приоритети. Последната капка што ја прели чашата беше кога еднаш јавно кажа дека автомобилите му се прв приоритет:
„Автомобилите се моите бебиња. Еднаш реков дека мојата девојка ќе мора да прифати дека е на второ место по автомобилите“, рече Хамилтон.
Никол сега ужива во големо богатство, а некогаш продавала шминка и крв за да заработи пари.

„Бев најсиромашна кога студирав. Давав крв за да добијам пари. Многу го сакам семејството, но никогаш немав кој да ми купи автомобил или да ми плати часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мој труд и работа“, рече своевремено Никол.
Иако претходните партнери не ја почитувале, Том е среќен што е негова.
„Освоив џек-пот“, рече Том во едно интервју.
Двојката е во врска од 2019-та година, а се запознаа на снимањето на шоу за таленти во САД каде Никол беше член на жирито.
Никол има 44 години, а благодарение на напорните тренинзи и здравата исхрана изгледа совршено.

https://www.instagram.com/nicolescherzinger/?utm_source=ig_embed&ig_rid=0d285953-8037-43c6-a615-29ef60c003bc

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.