Опериран беше неколку пати, но спас немаше: Згасна животот на седумгодишно дете кое падна од мотор

Опериран беше неколку пати, но спас немаше: Згасна животот на седумгодишно дете кое падна од мотор

news
Advertisement

Advertisement

Страшна вест го погоди мото светот. Хорор трагедија се случи на тренинг на големиот талент, седумгодишното момче Сид Вејер, кој падна од својот минимотор, а по неколкудневна борба им подлегна на повредите и почина. Сид беше внук на Колин Вејер, кој во последните две години забележа две победи и вкупно 11 подиуми во категоријата Moto3, а оваа сезона се сели во Moto2, во кој ќе ги брани боите на тимот на Red Bull KTM Aji. Тој се прости со емотивна порака на Инстаграм од момчето. – Сид, се бореше колку што можеше по се што се случи, но ова беше тешка и комплицирана битка која не можеше да ја добиеш. Многу сум горд што сум твој роднина и никогаш нема да ги заборавам прекрасните времиња што ги поминавме заедно. Никогаш нема да ги заборавам спомените и никогаш нема да те заборавам тебе како личност. Секогаш ќе бидеш во моите мисли. Ме мотивираше да се борам како што се бореше ти. Те сакам – напиша тој. Малиот Сид се здоби со тешки повреди на главата во судар на затворена патека за картинг на 22 декември и оттогаш беше подложен на неколку операции во обид да му се спаси животот. Сепак, седумгодишното момче, кое во октомври стана холандски шампион во мини-мотоцикли меѓу јуниорите во класа А, им подлегна на повредите во неделата.

Advertisement