Општина Тетово со реакција до СВР Тетово поради прекин на градежните работи на улица која се реконструира

news
Advertisement

Општина Тетово преку соопштение реагираше на денешната постапка на СВР Тетово чии полициски службеници ги прекинале градежните активности на ул. „Тодор Циповски-Мерџан“ и приведоа градежни работници, државјани на Албанија поради нерегулиран престој. Тетовската општина смета дека полицијата ја попречува работата на локалната власт ставајќи се во службата на политиката.

Advertisement

–Целата документација од Општина Тетово за овој зафат беше според прописите. За оваа акција што денеска ја презеде СВР Тетово, општина Тетово не била информирана. Полицијата ги прекина работите под изговор дека фирмата нема документација за поправка на улици, туку само за полнење дупки, додека ние како општина со факти Ви докажуваме дека документацијата од двете страни е комплетна, односно со согласност на СВР Тетово. Полицијата едноставно се обидува континуирано да ја опструира работата на Општина Тетово ставајќи се во служба на дневната политика, соопшти Општина Тетово.

Воедно, Општина Тетово ја информира јавноста дека ги има сите потребни документи и дека на ден 10.06.2022 година го потпишала бројот на сметката бр. 14-6290, со што претпријатието може да ги врши работите на терен.

-Таму меѓу другото е наведено „Пополнување на ударни дупки и одржување и реконструкција на патишта во град Тетово и патна мрежа на планински села од одрони и слично“ по јавен промет бр.07317/2022“. Така, фирмата што го добила тендерот и го потпишала договорот е должна да ги исполни своите обврски кон Општина Тетово во рок од една година. Апсурдна е постапката на полицијата да ги прекинува работите на оваа улица, кога се знае дека Општината има согласност од Секторот за внатрешни работи Тетово за измена на режимот на сообраќај на оваа делница со цел работите да се одвиваат без пречки. СВР Тетово даде согласност на 29.06.2022 година каде меѓу другото се наведува дека „ќе се промени режимот на сообраќај поради пополнување на дупки, реконструкција на коловозите во градот и патната мрежа, соопштија од Општина Тетово.

Од таму потоа посочуваат дека во Уредбата на општината стои „Се одобрува времена измена на режим на сообраќај, во рок од една година, за пополнување на дупки на улиците во Општина Тетово.

–Сите законски и административни процедури беа испочитувани од страна на општината и изведувачот на работите, а полицијата ги прекрши сите овие процедури со прекинување на работите. Овој грд чин на полицијата не е за прв пат, трендот на опструкција е константен откако градоначалникот Билал Касами го презеде раководството на општината. Но, без разлика на опструкциите, Општина Тетово ќе продолжи со реализација на капиталните проекти за доброто на градот и граѓаните, се наведува во дописот на Општина Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.