Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата Џагдееп Дханкар.
На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето. Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност е интензивирањето на соработката и искористувањето на потенцијалите со земјите од Централна и Јужна Азија, посебно со Индија, со која не поврзува Мајка Тереза, соопшти МНР.

Advertisement

– Разликата во големината на двете земји, бројноста на населението, како и географската оддалеченост, не треба да бидат пречка за меѓусебно пријателство, добри билатерални односи и мултилатерална соработка. Ликот и делото на Мајка Тереза секогаш ќе биде дел од нашите истории и ќе остане во колективната меморија на нашите земји, рече Османи.

Соговорниците изразија подготвеност за зајакнување и на парламентарната соработка, унапредувањето на договорната рамка, како и интензивирањето на културната размена и доближувањето меѓу двата народи.

Османи го поздрави и честиташе последното високо достигнување на Индија во светски рамки, со првото успешно слетување на јужниот пол на Месечината како сериозен исчекор и голем успех не само за индискиот народ, туку и за целокупното човештвото.

За време на официјалната посета на Индија, Османи ќе има средби и со министерот за надворешни работи, Субраманјам Џаишанкар, како и со други високи индиски претставници.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *