Цените на големопродажно ниво во Соединетите Американски Држави (САД) паднаа од јуни до јули, што е прв пад на инфлацијата од месец во месец по повеќе од две години и знак дека дел од инфлаторните притисоци врз американската економија се намалија минатиот месец.
Извештајот на Министерството за труд денеска покажа дека индексот на цените на производителите, кој ја мери инфлацијата пред да стигне до потрошувачите, паднал за 0,5 отсто во јули, што е прв месечен пад од април 2020 година.
Ублажувањето на големопродажната инфлација сугерира дека потрошувачите може да почувствуваат одредено олеснување од немилосрдната инфлација во наредните месеци.
Економистите предупредуваат дека се уште е рано да се каже дека падот на инфлацијата е траен./kurir.mk/