Турците го “спакуваа” Палчо за Скопје. Еве кога пристигнува

news
Advertisement

Палевски за неколку часа ќе биде донесен во Македонија

Advertisement

Порталот 24инфо.мк објави дека вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Според информациите на порталот вечерва Палевски треба да пристигне на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје

Министерството за правда пред две недели соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Досега од МВР без одговор дали ќе биде донесен Палевски од каде минатиот месец информираа дека постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо е почната, а Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај.

Палевски е осомничен за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.