Поскапува и бурекот после нова година, еве ја новата цена!

News

Граѓаните од Нова година ќе плаќаат повеќе за омилените пекарски производи. Кифлите и бурекот веќе поскапеа за околу 10 денари, а пекарите најавуваат дека истиот тренд ќе се прошири и на другите производи од брашно низ пекарниците во текот на следната недела.

Главната причина за поскапувањето е најавеното зголемување на цената на електричната енергија, кое стапува на сила од задутре. Пекарите објаснуваат дека струјата е еден од најголемите трошоци во нивното производство, па за да ја одржат економската одржливост на бизнисите, мораат да ја коригираат малопродажната цена.

Ова поскапување е дел од серијата зголемувања на трошоците за живот, кои директно го погодуваат стандардот на потрошувачите. Пекарите предупредуваат дека доколку трошоците за енергенси продолжат да растат, можно е дополнително покачување на цените и на другите производи од брашно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *