Advertisement
Advertisement
Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ, познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета. Во својот плоден научен живот, автор е на десетици дела од областа на компјутерската наука и електроинженерството, но исто така, освен дешифрирањето на Каменот од Розета со академик Томе Бошевски во 2005 година, автор е и на огромен број дела и трудови од областа на истражувањето на древна Македонија. Познат е и по тоа што ги има дешифрирано сите декрети напишани од Птоломеите, од Птоломеј II до Птоломеј VII. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на градските гробишта Бутел на ден 01.12.2024 (недела) од 12:00 до 13:00 часот.
Advertisement