„По лошите работи можам само повеќе да сакам“ – Драгана Мирковиќ по разводот вели: „Никогаш нема да станам огорчена жена“

„По лошите работи можам само повеќе да сакам“ – Драгана Мирковиќ по разводот вели: „Никогаш нема да станам огорчена жена“

news
Advertisement

„По лошите работи можам само повеќе да сакам“ - Драгана Мирковиќ по разводот вели: „Никогаш нема да станам огорчена жена“

Advertisement

Драгана Мирковиќ, познатата пејачка, на почетокот на годинава призна дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ со кој беше во брак повеќе од две децении.

Целосно го насочила вниманието кон децата и работата, а гласините за нејзината врска со Тони не ја засегаат.

– Мислам дека луѓето забележаа дека сум целосно надвор од приказната и дека едноставно се грижам за моите деца. Останувам верна на семејството, се грижам за него, сакам убави работи. Уживам да сум со публиката, инаку сум личност која е полна со љубов и ништо нема да ме вознемири или промени. Луѓето можат да ми направат нешто лошо, јас секогаш ќе ги сакам, никогаш не можам да станам огорчена жена. Можам само да сакам се повеќе и повеќе – истакна неодамна пејачката, а потоа се наврати на децата.

– Секогаш со нешто ме радуваат. Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но тоа е она што секогаш го велам (се смее). Тие се возрасни, многу добри и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа со мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е мојот најголем успех што можам да го постигнам – изјавила Драгана за „Пинк“.

Крај по повеќе од две децении брак

Да потсетиме, Драгана и се обрати на јавноста и објави дека се разведува по повеќе од две децении брак.

– Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони веќе подолг период не беше како што беше, а последните три години практично водиме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана се поголем и сфатив дека повеќе им штетиме на нашите сакани со тоа што остануваме принудени во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак. Јас секако останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика, и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години – гласеше изјавата на Драгана.

„Моите деца многу ја сакаат Србија“

На прашањето зошто нејзиниот син Марко и ќерката Мануела не доаѓаат често во нашата земја, Драгана во една прилика изјави за „Ало“:

– Моите деца се родени во Австрија и таму го поминаа целиот свој живот. Марко и Мануела не сакаат да се експонираат, а јас ја почитувам нивната желба. Двајцата студираат во странство и сите нивни пријатели се таму. Сепак, тие многу ја сакаат Србија.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs

Advertisement