Advertisement
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, а камерата во Фукушима го сними моментот на земјотресот.
Advertisement
Земјотресот е регистриран во 12.16 часот по локално време. Земјотресот е регистриран во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на 40-ина километри под земјата.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
Advertisement