Advertisement
Advertisement
Поранешните кошаркари Едина Муса и Александар Димитровски-Мачка вечерва направија свадба во еден познат скопски локал. Невестата која е во поодмината бременост блесна во припиена венчаница која ѝ го оцртува стомакот, а младоженецот одбра класичен костим. На веселбата присуствуваа и двете деца кои Димитровски ги има со поранешната сопруга, поп-ѕвездата Тамара Тодевска. Од споделените видеа на социјалните мрежи може да се види дека меѓу специјалните гости на свадбата бил Дарко Гелев-Брејк кој на младите им посака долг и среќен живот со безвременската балада „Лебедот бел“. За микрофонот се фатил и Павле Камиловски, а меѓу познатите гости бил и шминкерот Александар Билјановски-Дадар.
Advertisement