Приведен струмичанец за „тешка кражба“

news
Advertisement

Денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко.

Advertisement

Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *