Пробајте ги и вие: Кејт Мидлтон има „шифра“ од 4 збора што ја користи кога нејзините деца се немирни

Пробајте ги и вие: Кејт Мидлтон има „шифра“ од 4 збора што ја користи кога нејзините деца се немирни

news
Advertisement

Пробајте ги и вие: Кејт Мидлтон има „шифра“ од 4 збора што ја користи кога нејзините деца се немирни

Advertisement

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон има посебни методи кога станува збор за воспитувањето на децата, па на своите малечки им приоѓа на поинаков начин.

Децата во кралското семејство уште од мали нозе мораат да следат различни протоколи и правила, поради што често се наоѓаат во непријатни ситуации бидејќи се‘ уште се мали и не ја знаат важноста на сите настани на кои присуствуваат.

Убедливо најпалав и најинтересен е принцот Луис, кој многу често знае да „отскокне“ од правилата кога кралското семејство е на јавно место.

Според кралскиот биограф, во моментите кога децата претеруваат, принцезата од Велс им се обраќа со посебен код.

„Кога принцот Луис недолично се однесуваше на платинестиот јубилеј на покојната кралица, на пример, вадејќи го јазикот кон неговата мајка, реакцијата на Кејт беше пофалена од тимови стручни коментатори. Таа очигледно користеше таен код за да ги смири децата, како што понекогаш прави – едноставно велејќи: „Ајде да направиме пауза“, вели Том Квин.

Очигледно децата се свесни за тежината на таа реченица и знаат што да прават кога мајка им така ќе им се обрати. Советите на принцезата од Велс често се корисни и интересни, па останува само да го пробаме овој начин на воспитување и смирување на непослушните деца.

Фото: Youtube – screenshoot

Advertisement